
Детската градинка Астибо го евиндетира првиот случај на дете носител на коронавирусот. Станува збор за едно од дванаесете деца од големата петгодишна група за кои се грижеше воспитувачката која сама се пријави дека е носител на коронавирус, откако истиот бил дијагностициран кај незјиниот сопруг. Епидемиолозите не го поврзуваат случајот на детето со воспитувачката, бидејќи неколку дена претходно не доаѓало во градинка. Петгодишното дете во централниот објект на Штипската градинка Астибо, е прв позитивен случај на коронавирусот меѓу децата кои се згрижени во Штип. Директорката на градинката Астибо, Билјана Трајчевска го потврди случајот со образложение дека се информирани сите надлежни институции. Според директорката, за негователката и 11 деца периодот на изолација изминува во петок, по што можат да се вратат во градинката. Инаку, по појавата на коронавирусот кај воспитувачката и негователката во градинката Астибо, родителите на децата од големата група, самоиницијативно ги тестираа и покрај фактот што во градинката се работи согласно сите портоколи и мерки за здравствена заштита.
Лаура Стојанова М Нет
Игор Зиврев М Нет