Ќе има ли силна конкуренција за влез во Прва лига, како се засилуваат второлигашите?

Новата сезона во Втора лига носи опција за полесен пат до пласман во Прва лига во однос на ланската сезона, бидејќи првите две екипи ќе имаат директен влез во елитата, а третиот тим ќе игра бараж за влез во Прва лига против осмопласираниот прволигаш, во однос на ланската сезона кога само шампион имаше директен влез па Брегалница така директно се врати во елитата, а пак вториот тим Скопје односно третопласираната Шкендија Арачиново мораа преку бараж да бараат место во елитата, и тоа им успеа.

Засега само дел од второлигашите имаат изразита активност на трансфер пазарот, дел од второлигаши се пасивни, а некои и не се започнати со подготовки.

Пелистер ќе биде прв фаворит за шампионскиот пехар тимот ќе го предводи Борче Христов, а досега тимот се засили со Данаил Тасев, Максим Славков, голманот Давид Илоски, Петар Љамчевски, Симеон Христов, Јорданчо Наумоски, Мартин Мирчевски, а клубот ја продолжи соработката со Христијан Грозданоски, Христијан Стојановски, Габриел Крстевски, Кире Ристевски, Натанаил Димовски и Јован Мрмачовски.

Охрид досега се засили со Дамјан Масевски, Горан Силјановски – Шаро и Валентин Кочоски, Новаци ги промовираше Стефан Спировски, Андреј Сиљаноски, Кирил Стојков и Петар Гугуљанов, а нов тренер е штипјанецот Иван Варадиновски.

Осогово се засили со голманот Симон Стојковски, Даријан Трајчов, Давид Бошески, Мартин Радуловиќ Величковиќ, како и Ненад Малинов и Алекс Димитров.

Беласица засега е засилена со Димитриј Димитриевски и Лука Варошановски, а пак Кожуф со Сашо Дуков и Марио Симоски. Работнички ќе влезе во целосно ремонтиран тим, со Баже Јанакиевски како тренер. Тетекс исто така во новата сезона ќе влезе со освежени сили и во следниот период ќе бидат познати новите засилувања. Дебитантот Камјани е посилен со Аљбан Мемеди, Енис Дервиши, Веби Ислами, Арбин Курти, Љупчо Трпески, Арсим Љамалари, Индрит Шакипи, Бујар Абази, Албион Муслиу, Арѓент Зибери и Амин Шаќири.

Брера Струмица и натаму официјално нема промовирано нови засилувања, а Еуромилк ГЛ се засили со голманот Филип лазаров, Марко Стојчевски, Филип Дамевски, Филип Смиљков и Марио Маркулев.

Детонит Плачковица денес ги стартува подготовки, а за Шкупи и Македонија ЃП нема официјални информации кога ќе започнат со подготовки кои ќе биде ростерот и што ќе бидат целите.

Новата сезона стартува на 15 август, а летниот преоден рок е отворен до 6 септември.

Александар Ванев, М-Нет