Љупче го доби стрателството на неговиот син, а во најкраток рок ќе живее и во нов социјален стан!

Приказната која крена голема прашина во јавноста, за самохраниот татко Љупче и неговиот малолетен син, конечно добива позитивен пресврт.  Љупче го добива стрателството над неговиот син односно истиот се брои како челн на неговото семјество. Исто така, Љупче е во списокот да добие социјален стан во Штип, а целата постапка е обезбедена од Коалицијата „Менуваме“ во соработка со Центарот за социјална работа Штип.

За состојбата на Љупче, старателството над неговиот малолетен син, како и станбеното прашање, одговор побараме и од Центарот за Социјална работа Штип. Во разговор со директорката, Златка Иванова дознавме дека детето му е доверено нему од 24 март, а од 1ви април неговиот син се вбројува и како член на неговото семејство.

„ Љупче решението за доверување на дете од вонбрачна заедница го доби на 24 Март годинава, а од 1 април неговото дете е впишано како член на неговото семејство. Тој исто така е корисник на минимална помош, а поднесено е барање за детски додаток. За Љупче поднесено е барање за доделување на социјален стан, со цел да добие подобар начин на живот.“ – истакна Иванова.

Координаторот на Колацијата  „Менуваме“ , Суарет Алишан, му порача на Љупче никогаш да не се откаже, да продолжи да се бори за себе и за своето дете.

Сега Љупче има можност да го носи своето синче во градинка, има потребна храна и облека, а во најскоро време се очекува да добие и социјален стан, со што животот му станува за нијанса подобар.

Лаура Стојанова М-Нет