Утре се празнува Благовец, затоа веднаш по станувањето каснете благо!

Утре се празнува христијанскиот празник Свето Благовештени или познат како Благовец. По тој повод утре во Храмот Успение на пресвета богородица во штип ќе се одржи литургија, во присуство на Митрополитот брегалнички Иларион. За празникот Благовец се верува дека носи радост, дека денот е благ.

Свето Благовештение или Благовец се вбројува во постојани празници односно секоја година се празнува на 7ми април. Благовец е благ ден. Тогаш се верува дека и раната не боли. Со Благовец е поврзано и доаѓањето на птиците преселници. Се верува дека тие ќе дојдат на овој ден дури и да врне снег. Исто така, се верува дека ако наутро гладен како што се вели на гладно срце слушнеш некоја од овие птици ќе те разбие и не ќе имаш напредок во годината. Затоа луѓето веднаш по станувањето каснувале барем еден залак леб. На Благовец саделе тикви зошто верувале дека тиквите садени на овој ден ќе бидат многу благи. Во некои краишта, овој ден се поврзува со излегувањето на змиите од дупките при што се верува дека змиите никогаш не касаат на Благовец.

Сите верници кои утре ќе посетат некој од храмовите се претпорачува да ги почитуваат мерките и протоколите за заштита од ковид 19, да носат заштитна маска и да одржуваат растојание.

Лаура Стојанова М-Нет