
Позитивни случаи на Ковид 19, регистрирани и во Казнено поправната установа Затвор Штип. Откако претходната недела излегле позитивни тестовите за корна вирусот за двајца вработени во оваа установа, во одделот за ресоцијализација, во текот на вчерашниот ден и денеска се тестираат и затворениците кои биле во контакт со вработените. Вчера во Штип, тестирани се две осудени лица чии тестови излеголе позитивени на ковид 19. Денеска за тестирање се спроведени уште 2 лица чии резултати се чекаат. Инаку затворениците во Казнено поправната установа Затвор Штип се одделени, односно во посебна просторија се позитивните лица на ковид 19, а послебно тестираните и останатите, во телефонски разговор за М-Нет телевизија истакна директорот на Затворот Мики Тодоров. Тој, посочи дека дел од затворениците кои биле на тестирање пројавиле симптоми на вирусот. Спроведувањето на осудените лица се вршеше со затворска полиција, а зголемено беше и присуството на Полициски службеници од СВР Штип.
Лаура Стојанова М-Нет