Јубилејно одржување на “Поетскиот поздрав на четерсе-Штип “

Утре по јубилеен 10 пат се одржува “Поетскиот поздрав на четерсе-Штип 2024” . Манифестација прераснува во традиција и се организира со цел да се одбележи верскиот и народен празник Четрсе. Во пресрет на одбележувањето Здружението на граѓани Литературен клуб Искра организира богата програма, со главна цел издавање и промоција на Зборникот со песни.

Ваквата манифестација вклучува учесници од нашата држава и пошироко. Годинашниот зборник брои вкупно 183 песни издадени од поетските души. Се надеваат дека со години ќе ја реализираат оваа манифестација, со промоција на зборникот, посета на културно-историски споменици и искачување до врвот на Исарот. Од Литературниот клуб Искра од Штип, повикуваат сите кои се во можност да бидат дел од овој настан.

Ангела Ѓуркова М Нет