Талентираниот Блеон Реџепи подготвен за меѓународен кик-бокс натпревар во Австрија

Младиот кик-бокс талент Блеон Реџепи е подготвен за меѓународен натпревар во Линц, Австрија кој ќе се одржи на 20. април. „Фајт Најт“ натпревар против противник од Салцбург, Австрија на меч каде младиот Реџепи кој е од Австрија, меѓутоа со потекло од Синѓелиќ, Скопје, ќе ја има улогата на фаворит на овој натпревар.

Реџепи е подготвен за овој натпревар, а претходно 17-годишниот влезе во победничка низа од 15 победи во низа, па тоа ќе биде одлична најава Реџепи да ја продолжи победничката серија и на овој „Фајт Најт“ натпревар во Австрија.

Инаку, Реџепи започнал да се занимава со кик-бокс на 13 години.

Александар Ванев, М-Нет