
Денешниот натпревар против Академија Пандев беше јубилеен за фудбалерот Арби Воша. Тој денес го одигра 100-от официјален натпревар во дресот на „лавовите“.
Арби Воша потекнува од школа на Македонија Ѓорче Петров, каде дебитираше во 2018 година токму против денешниот противник.
Има постигнато 11 погодоци во дресот на Македонија ЃП во Првата лига и го освои Купот на Македонија во 2022 година.
„Фудбалскиот клуб Македонија ЃП му го честита јубилејот на Арби и му посакува уште многу успешнa кариера во нашиот тим“, велат од прволигашот од Ѓорче.