ФОТО: Убедлив триумф на Новаци против Големо Коњари во третолигашко пријателско соочување

Третолигашите Новаци и Големо Коњари одиграа нов пријателски натпревар и повторно екипата на Новаци беше убедлива, овој пат со 0:3.

До триумфот екипата предводена од Горан Ставревски стигна со двата погодоци на Михаил Костевски, а еден гол беше дело на Стефан Трајчевски.

Како што претходно информираше телевизија М Нет, на 5. февруари овие две екипи имаа свое пријателско соочување кое заврши со триумф од 3:1 за Новаци.

Во пролетната полусезона Новаци во Трета лига – Југозапад ќе атакува на првото место и со тоа преку баражот ќе бара „билет“ за Втора лига во дуел со Кораб од Дебар, а пак Големо Коњари ќе има далеку потешка задача за освојување на врвот, а со тоа и баражот во Трета лига – Југ, бидејќи непоразениот лидер Вардар Неготино има сериозна бодовна предност.