ЈП„Стипион“ превентивно ги прочисти атмосферските канали, шахти и сливнци, екипите спремни за терен

Превентивно прочистени атмосферските канали, шахти и сливници во критичните места по најавеното нервеме. Директорот на ЈП „Стипион“ , Панче Стефановски посочи дека е одржан состанок на кој се координирани и зајакнати дежурните екипи кои работат на терен. Додава дека комплетно се спремни да реагираат навремено со луѓе, но и со соодветна механизација.

„По најавите за ново невреме и обилни врнежи одржавме вонреден состанок во Јавното претпријатие на кој што ги координирав и зајакнав дежурните екипи. Подготвени сме да интервенираме во секакви услови со луѓе и потребна механизација, за да ги санираме можните последици од невремето. Исто така превентивно ги прочистивме сите атмосферски канали, шахти и сливници во критичните места, останува само да се надеваме дека невремемето од поголеми размери ќе не одмине.“ – вели Стефановски

Екипите на јавното претпријатие се спремни на терен, а препораките се да се заштити и населението од временските неприлики. Инаку од УХМР најавуваат невреме со интензивен пороен дожд, град и грмежи вечерва и во наредните неколку денови. Препораки за внимателност упатуваат и од ЦУК.

Лаура Стојанова, М-Нет