Расте бројот на случаи со карцином на простатата, се препорачува контрола еднаш годишно

Секој маж над 50 годишна возраст барем еднашгодишно треба да посети уролог. Но, колку во секојдневието навремено се практикуваат овие прегледи, ги прашавме граѓаните на Штип и секој различно гледа на ситуацијата. Некој велат дека не посетуваат ваков преглед, бидејќи се чувствуваат добро, а други пак додаваат дека честата контрола е самозаштита од ваков тип на болести.

“Не, не, не сум отишол од како што сум роден. Причината е бидејќи немам проблем. Да, да, па како ми речат на шест месеца, на година. Немам потреба, се уште сум здрав спрема годините. Па правам, на година одам на уролог. Пијам апчиња за уролог две врсти, па пак сега треба да одам, па ќе видеме што ќе биде. “ – велат граѓаните

Пациентите не се јавуваат навремено на уролог, покажуваат и последните направени статистики. Тоа е и главната причина поради која пациентите имаат се поголеми отежнувања, вели доктор Влатко Филипов. Се почеста е појавата за заболување на ваков тип на болести, а пациентите не се јавуваат навремено, додава тој.

“Според возраста, секој маж над 50 години, според новите статистики, треба еднаш во годината да посети уролог. Скорo со стареењето секој маж, треба да отиде кај уролог и да си направи основни прегледи. Основните прегледи кај уролог се вршат со претходна припрема кај матичниот, со правење на ехо и лабораторија со ПСА тумор и со тие два документа, пациентот треба да се јави на уролог. Пациентите не се јавуваат навремено, значи имаме пациенти кој во последната статистика од 300 направени биопсии, 200 се со карцином и од тие 200, 180 се со касни откриени карциноми, што значи голема е бројката на пациенти, кој касно се јавуваат на уролог. Така да, со новите методи имаме драстичен раст на ново откриени пациенти со карцином на простата.“ – вели Влатко Филипов, специјалист по урологија во Клиничка Болница Штип

Инаку, урологијата како независна наука е релативно млада, но нејзините корени датираат од античка историја. За жал, честа причина за посета на уролог се поплаките, кои се кријат зад едно вакво заболување, но навремената посета и точната дијагноза ќе го олесни оздравувањето и ќе ги спречи несаканите последици. Понатаму, она што останува е тоа колку свеста кај општеството навремено ќе го извршуваат овој преглед и колку навремено ќе ги посетат овие установи?

Лаура Стојанова, М-Нет