
ЈП Исар Штип ќе започне со собирање и транспортирање на цврст и неопасен отпад од физички и правни лица на теритроија на Штип. Ова како предлог одлука помина на последната седница на Советот на Општина Штип, на која советниците дадоа зелено светло. Сите засегнати страни ќе може да побараат од јавното претпријатие да го собере отпадот кој се разликува од комуналниот отпад. Цената е 2000 денари од метар кубен. Директорот на претпријатието Кирил Зајков, истакна дека ваква потреба имало уште од претходно ама претпријатието немало соодветен ценовник за наплата на ваквата услуга.
„Предлог одлуката за измена на ценовникот на ЈП Исар го има а се однесува на транспортирање и собирање на цврст и неопасен отпад. Цена од метар кубен е 2000 денари. Потребата од донесување на оваа одлука и измена на ценовникот е од причина што се појавуваат ситуации кога јавното претпријатие треба да ја изврши оваа обврска ама нема ценовник по која цена“ – вели Зајков.
Целта на ваквата одлука е и со цел зачувување на чиста животна средина, оти претходнос засегнатите страни отпадот го депортираа на места кои не се за таа намена. Покуќнина и секаков вид отпад различен од комуналниот завршуваше на депонијата во Штип од една страна, а од друга страна се создаваа и дополнителни мини депонии. Директорот на ЈП Исар, Зајков, апелираше до граѓаните да пријават доколку имаат цврст и неопасен отпад, со што се зачувува чист градот и околните места.
Лаура Стојанова М-Нет