
На чекор пред зимата граѓаните веќе купуваат и почесто консумираат чај. Иако оваа пракса не беше исклучен и во текот на летниот период сепак познавачите и продавачи на чај велат дека тој повеќе се пие воп текот на студените денови. Борјанка Стојкова од Кочани веќе 20 години оди по планинските места и собира разни чаеви. Почнувајќи од месец мај па додека дозволува природата во падните на Осоговските планини заедно со нејзнита пријателка берат чај.
„Од игличка па до коњско опавче, прво се бере игличката па се останато. Чајот го береме од Пониква, Костин Дол, Пантелеј, Крушка. Од мај месец почнуваме да береме па се додека има чај.“ – вели Стојкова.
Собирање, сушење, складирање, поделба има доста работа вели додека чајот да се пласира на пазарот во Кочани, ама две децинското искуство збрува за фактот дека ако се има желба не е тешко. Стојкова вели ја радува фактот што граѓаните се повеќе се одлучуваат да купат природен чај, па и со помош на нив учи за што се користи иститот.
„Јас одам и го берам чајот, па го сушам дома, соберам го во кутија па потоа во кеси и ги продавам на пазарот. Луѓето бараат чај, фајда има многу. Господ што создаде се е убово. Разбирам ги чаевите од времето. А сега повеќе и од муштериите се учам кој чај за што служи“ – додава Стојкова.
Мајчина душичка, нане, игличка, коњско опавче, и уште многу разни видови чаеви се дел од богатиот асортиман на Стојкова од Кочани. Како што додава таа кочанското поднебје изобилува со можности да се соберат разни видови чаеви.
Лаура Стојанова М-Нет