
На военото стрелиште „Пенуш“, в среда, ќе се изведе боево гаѓање со лично и формациско вооружување. Активноста ќе се спроведе согласно со годишната програма на МВР и СВР Штип, а од страна на полициски службеници од ПС ОН Штип, ПС за БПС Штип и останатите организациони единици со седиште во СВР Штип.
„На ден 25.10.2023 година, во периодот од 08:00 до 16:00 часот на военото стрелиште „Пенуш“ ќе биде изведено боево гаѓање со лично и формациско вооружување. Се известуваат граѓаните на општина Штип и околните населени места кои гравитираат околу военото стрелиште во тој период да не се движат во и околу стрелиштето од безбедносни причини.“ – стои во Известувањето испратено од СВР Штип.
Како што стои во Известувањето, јавноста се известува благовремено за да не дојде до вознемирување на месното население.
Ребека Спасова М-Нет