Јануарските сметки за струја високи до плафон за штипјани

Јануарските сметки за струја високи до плафон велат анкетираните граѓани во Штип. За дел од нив оправдно бидејќи како што велат се греат на струја, но друг дел децидни дека живеат сами, а сепак добиваат восики сметки за електрична енергија. Дополнително на ова ако се додадат давачките за вода и телефон, па и трошоците за лекови многу тешко се преживува месецот.

„За разлика од минатиот пат се повисоки. Кај нас сметката за струја е 4000 денари, ама синот живее сам, кажа дека сметката му била многу повисока споредбено со претходниот месец.“ – велат граѓаните.

Штипјани сметаат дека приходите се мали, платитете и пензиите и токму затоа сметките за струја, вода и телефон за нив се високи.

Изминативе денови реакција од страна на граѓани за високи сметки за електрична енергија имаше и на социјалните мрежи.

Лаура Стојанова М-Нет