
Родителите да им посветат повеќе внимание на своите деца и на тоа како се однесуваат во училиштето, без караници, без тепачки и без агресија, порача денеска министерката за образование и наука Весна Јаневска, на првиот училишен ден од новата учебна година. Тврди дека учебници има, се обезбедуваат и технички помагала, а дополнително и поевтин училишен прибор.
,,На родителите им поачувам дека треба да обрнат малку внимание на своите деца и училиштетот, особено во правец на мирна училишна средина, без карање, без тепачка, без агресии, затоа што не постои проблем кој што не може да се реши и кој децата низ дружба и смеа можат да го решат, дури и самите, а особено со помош на возрасните. Спремни сме на новата учебна година, учебници има, обезбедуваме технички помагала, имаме кошничка со поевтини цени за училишниот прибор.“, вели Јаневска
За руралните училишта, Јаневска објаснува дека таму каде што веќе нема ученици, училиштата се затвораат по природен пат. Таму, пак, каде што има само по неколку деца, тие се префрлаат во најблиското училиште, за да имаат со кого да учат и да се дружат. Годинава, по овој принцип, привремено се затворени 24 училишта. Јаневска предупредува дека ако продолжи да се намалува бројот на деца, ќе се затвораат и други училишта. А за повторно да се отворат, потребно е повторно да има деца.
,,Такво нешто се случувало и во минатите години, но дел да, ние привремено гизатворивме со тоа што ги придвиживме 3,5,8 деца најчесто во комбинирани паралелки, или пак паралелки со три деца или две, кон најблиското друго училиште, со единствена цел добробит на децата, нивна социјалицаиј, нивно дружење, излегување од балонот на нивното секојдневно живеење. Тоа е процес кој годинава го завршивме со 24 привремено затворени училишта, но еве ја информирам јавнсота дека ако продолжиме вака постојано ќе затвораме училишта. Ние пред три години напаравивме сликовница за прво второ и трето одделение што се вика јас, мама, тато, дада и бато. Оттука може би и порака до првачињата освен што ќе бараат да стекнат заење, може би треба да побараат да стекнат и братче и сестриче за да можееме повторно тие привремени затворени училишта во иднина да ги отвараме.“, додава Јаневска
Останува прашањето како ќе се одвива ситуацијата со малите училишта и бројот на ученици. Каква ќе биде сликата во наредните години, ќе покаже времето.
Иван Митев, М-Нет