
За 20 деца од Општина Конче денеска не започна новата учебна година во ООУ Гоце Делчев. Револтирани родители реагираат поради одлуката 11 ученици да ја повторуваат годината, од кои девет се од турската заедница. Тие тврдат дека други ученици ја поминале годината и со 10 или 11 единици, додека нивните деца, иако имале помалку слаби оценки, останале да ја повторуваат годината. Дополнително вел дека и нивмите останатидеца се разочарани од ситуацијата и не сакаат да одат во училиште. Бараат да им се формира комисија која повторно ќе го провери знаењето на учениците и да се преиспита знаењето на сите еднакво.
,,Децата не сакаат да одат на училиште, бидејќи се разочарани ради двајцата браќа бидејќи ја повтараат годината и не сакаат да одат на училиште. Но и ние не сме задоволни од страна на училиштетот и од директорот и од наставниците. Од 12 деца кој ја повторуваат децата, едното е пуштено 11 останаа. Од тие 11, две се од македонската нација, а девет се турската нација од малцинството. Не само овие што повторуваа и тие плус десет има од македонската нација и од турската што се поминати со 10, 11 единици, и тие да се вратат на тестирање. Ние не викаме дека нашите деца знаат, сите да се тестират. Како тие деца од прво до петто на турски учлија, од петто до осмо знајале, сега во осмо не знаат. Тоа е од страна на директорот и наставниците да си наполнат бројката, немаат кадар.
Родителите велат дека им било кажано оти доколку не ги пуштаат децата на училиште, ќе бидат казнети од државата, но велат дека не се плашат, бидејќи тие веќе се чувствуваат казнети поради ваквата ситуација.
,,А они ни се закануваат дека ако не ги пуштеме, ќе бидеме казнети од страна на државата, не се плашеме од казните, ние сме секако казнети што овие деца секое сабајле по 100 денари за секое дете 700 денари дневно.
Според родителите, станува збор за дискриминација, бидејќи, како што тврдат, не е можно ученици со 10 или 11 единици да ја поминат годината, додека нивните деца да бидат оставени да ја повторуваат.
,,Ние бараме од МОН да обезбеде комисија за тестирање на децата, а ако не знае моето дете нека го повтара, а ако знае дека два плус два е четири, значи за двојка не треба да знае во Вардар колку риби има. Значи станува збор за двојка. Македонските деца со 11 единици беа поминати, а нашите деца беа со три единици повторувани, тоа е дискриманиција. Несоодветни стручни наставници не го препознаат тоа свесно, бидејки сакаат да имаат ист кадар ученици и за оваа година. Тоа нема да се дозволува. Дека е записникот од просветната комисија, на нас право ни пуштија писмено дека нашите деца се повторувани. Ние го немаме видено записникот од просветната комисија дали е тоа така. Бараме од МОН за нашите деца да има комисија за тестирање, во спротивно децата не сакаат да одат на училиште.
Во врска со ситуацијата, М-Нет телевизија најпрво се обрати до директорот на училиштето, кој не одговори на нашиот повик.Првиот човек на општината, градоначалникот Златко Ристов, за нашата телевизија соопшти дека остварил контакт со Министерството за образование и наука и дека добил информација оти сите постапки се спроведени согласно законот. За случајот кажа оти се зпознати и од Државниот просветен инсптекторат, при што е утврдено дека не станува збор за никаква дискриминација или пак нееднако оценување.
,,Остварен е контакт со МОН и оттаму за конкретниот случај е посочено дека се преземни сите законски мерки, кои што се во нивно овластување За случајот запознати се надлежните и од Државниот просветен инспекторат, кои што потврдија дека не станува збор за никаква дискриминација или нееднакво оценување.“, соопштува Ристов за М-Нет телевизија
Родителите и натаму тврдат дека децата нема да одат на училиште, се додека нема повторно тестирање.
Иван Митев, М-Нет