
Максимално се работи на расчистување на случаите со запалените автомобили. Одговарајќи на новинарско прашање директорот на БЈБ, Алекснадар Јанев, денеска од Штип, не откри детали но кажа дека многу брзо сите инфромации ќе бидат достапни.
„Сведоци сме на неколку настани. Не би сакал да откривам детали од страгата, но работиме максимално. Се надевам дека многу брзо ќе ги имате информациите на рсполагање. Не може поединци да го рушат спокојот на целиот колектив. Прошка за насилство и криминал нема“ – вели Јанев.
Само во Штип кон крајот на минатата година за два месеци имаше опожарено четири автомобили, истрагата е сѐ уште во тек и се очекува случаите да бидат целосно решени.
Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет