И оваа година Штип под будно око на институциите – безбедноста на манифестацијата Пастрмаjлијада главен приоритет

И оваа година, Штип под будно око на институциите – безбедноста на манифестацијата Пастрмалијада главен приоритет. За таа цел, со добро осмислен план, денес во посета беше директорот на бирото за јавна безбедност Александар Јанев, кој заедно со градоначалникот Јорданов и СВР Штип разговараа за финалните детали на безбедносниот план за овогодинешното издание на манифестацијата штипска Патрмалијада.

,,Разговаравме на неколку теми, поврзани со безбедноста со сето она што е наше секојдневие на граѓаните на Општина Штип, но и на регионот. Предизвици со кои се соочуваме како град во делот на безбедноста, во сообраќајот и она кое што ни предстои како манифестација акцентирајки ја потребата за поголема безбедност на предстојната манифестација пастрмалијада, имајќи во предвид интересот и посетеноста, која што ќе се случи овој викенд во Штип. Сакам да ја искористам приликата за да се забагодарам за досегашната соработка, која што ја имаме СВР Штип со МВР со директорот на БЈБ и верувам дека така и ќе продолжи во насока на овозможување на граѓаните на општината да се чувствуваат безбедно.“, рече Јорданов

Директорот Јанев, посебно потенцираше и за камерите кои што ќе се поставуваат во Штип со цел како што рече тој граѓаните бидат безбедни и спокојни. Дополнително даде акцент и на криминалитетот во градот.

Во координација со добро осмислен план, сите точки во градот за време манифестацијата Штипска пастрмалијада ќе бидат покриени, додаде Јанев се со цел градот биде безбеден, а граѓаните и посетителите заштитени.

Иван Митев, М-Нет