
Македонската репрезентативка Леонида Гичевска кариерата ја продолжува во Русија, каде 26-годишната ракометарка потпиша догоговор со Лада Тољати.
Гичевска минатата сезона настапуваше за екипата на Стинта Букурешт во Првата лига на Романија, а сега следува нов предизвик во кариерата на македонската репрезентативка која ќе настапува во рускиот прволигаш.
Во својата кариера Гичевска настапуваше за Безансон и Самбри од Франција, Локомотива Загреб во Хрватска, а на домашната сцена беше дел од Вардар, Вардар Јуниот, Металург и Куманово.
Во минатото во руското првенство настапуваше Сара Ристовска пет сезони во тимот на ЦСКА Москва.
Елена Ѓорѓиевска прави преселба од Турција во Полска, македнската репрезентативка си замина од турскиот клуб Коњалти Анталија, откако клубот се распадна, па десниот бек кариерата ја продолжува во Енрга Калиш од Полска.
Ѓорѓиевска со новиот клуб потпиша едногодишен договор. Македониската репрезентативка потекнува од Струга, а во својата кариера го носеше дресот на Кометал Ѓорче Петров, Металург, Будуќност, Баја Маре и Крајова во Романија, Алба Фехервар во Унгарија и Подравка од Хрватска.
Искусната ракометарка со Будуќност ја освои титулата во Лигата на шампионите.
Александар Ванев, М-Нет