
Гори нискостеблеста вегетација кај штипско село Селце, недостапен терен е причинита која сеуште се работи на терен. Командирот на терторијалната противпожарна единица Благој Ренџов вели дека пријавата е добиена во 16 чассот вчерашниот ден. За гаснењето на пожарот на терен работат екипи од ТППЕ, но и населението.
„Пожарот во ТППЕ е пријавен вчера околу 16 часот над село Селце, имено станува збор за ниско стеблеста шума. По пријавата веднаш кон теренот е упатена екипа од седум пожарникари и две возила кои беа присутни до полноќ. Наутро во пет часот е упатена и друга екипа која сеуште е на терен, теренот е непристапен, затоа местата кои се пристапни пожарот е изгаснат, а на останатите места не, но се најдеваме дека во најбрз можен рок ќе биде изгаснато со помош и подршка. Морам да посочам дека и подршката од населението е многу голема.“ – изјави Ренџов
Ренџов истакна дека екипите на ТППЕ на терен гаснеле од вчера од 16 до полноќ и денес уште рано зори во пет часот се упатиле со што се надеваат дека пожарот во најбрз можен рок ќе згасне.
Лаура Стојанова, М-Нет