
Поголемата сигурност и гаранцијата за образование, стипендии и вработување во минатото биле клучот за среќа, тврдат граѓаните, додека денес младите се соочуваат со неизвесност и страв за својата иднина. Штипјани сметаат дека ова укажува на значајните промени меѓу генерациите, особено во однос на можностите за образование, вработување и обезбедување сигурен и стабилен живот.
Искреноста, другарството и вистинското пријателство, според граѓаните, денес сè повеќе се губат, а во некои случаи се чини дека и целосно исчезнуваат. Тие сметаат дека за тоа придонесуваат прекумерната употреба на мобилните телефони, намалената комуникација лице в лице и сè почестото присуство на лаги и неискреност во меѓучовечките односи.
Наспроти овие појави, постарите генерации ја нагласуваат важноста на позитивното размислување, убавите мисли, дружењето, смеата и радоста, истакнувајќи дека овие вредности треба да продолжат да се негуваат и да опстојуваат кај нив, како важен дел од секојдневниот живот.
Ева Тушевска, М-Нет