Денес се наоѓаме зад Универзална сала, каде што повторно ги поставуваме прашањата што ги засегаат сите жители на Центар. Каде се паркинг-местата? Каде се новите зелени површини? Каде се новите училишта и подобрите услови за живот што им беа ветувани на граѓаните, праша Тамара Мицевска, член на ГК на ВМРО-ДПМНЕ.
„Господине Горан Бетон Герасимовски, по пет години на чело на Општина Центар, граѓаните заслужуваат конкретен одговор: колку нови училишта изградивте, колку нови паркинг-места обезбедивте и колку нови зелени површини уредивте? Во интервју на 18.11.2025 истакнавте дека во следните четири години ќе се заложите за двојно зголемување на зеленилото според бројот на високостеблести дрвја и вкупната покриеност со зелени површини. На 22.09.2025 го претставивте тимот од Комисија за урбанизам и изјавивте дека приоритет ви е зеленило, јавните простори и решавањето на проблемите со паркирањето, а да не ја заборавиме и вашата изборна програма 2025–2029: Ветивте зелена трансформација со микропаркови во сите делови на општината, нови дрвја и зелени коридори. Денеска 19.10.2026 кога маските ви паднаа видовме дека не ви е до граѓаните туку до удобната фотелја во која се вдомивте. Времето ви истекува, а резултати освен политички пресови нема“, рече Мицевска.
Таа го повика Герасимовски заедно со својот ментор Филипче да се охрабри и да излезе од, како што кажа, удобната канцеларија да ја разгледа општината која ја води и која, како што рече, тоне без идеи и проекти.
Текстот Мицевска: Филипче и Горан Бетон Герасимовски, каде се паркинзите, зеленилото и новите училишта во Центар? е превземен од МАКФАКС.