Штипјанката Викторија Варадинова ќе јуриша на триумф на Европскиот куп „Србија Опен 2021“

Полека но сигурно се олабавуваат здравствените мерки со кои се овозможува настап на поширокиот спектар на македонски спортисти на значајните и респектабилни спортски натпревари. Едногодишниот прекин беше искористен за макотрпен и тежок подготвилтелен период во кои многумина спортисти во домашен или природен амбиент ги „калеа“ своите афинитети кон одржување и подобрување на својата форма. Една од нив е и штипјанката Викторија Варадинова која поради студиите во Скопје тренира и настапува за кик – бокс клубот Шампион со кого има постигнато значителен број на вредни признанија, награди и трофеи. Неодамна на турнирот во кик – бокс „Трофеј на Белград“ Викторија Варадинова се закити со златен медал во дисциплината Фул контакт категорија до 65 кг. Главниот град на Србија Белград од 14 – 16 мај оваа година повторно ќе биде во епицентарот на Кик – бокс возбудувањата со организација на Европскиот куп „Србија опен 2021“. Во дресот на својот матичен клуб Шампион од Скопје Викторија Варадинова во мошне силна конкуренција повторно ќе се обиде да го искаже сиот свој раскошен талент и да се закити со нов триумф. Таа ќе настапи во нејзината традиционална дисциплината Фул контакт како и во дисциплината К 1 а во категорија до 65 кг. Знаејќи го нејзиниот квалитет, упорност и силна желба за успех, Викторија Варадинова е на прагот на нова кик – бокс „мисија“со која би ги израдувала своите симпатизери и љубители на овој спорт кој се повеќе и повеќе навлегува во порите кај младите со негова популаризација и омасовување.

Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk