
Покрај општината на само неколку дена пред манифестацијата штипска пастрмалијада, подготвени се и граѓаните на Штип. Очекуваме и оваа година, како и останатите ќе има многу голема посетеност, а ова е повод за да се извидиме и провеселиме, велат тие и додаваат дека за нив ваквата манифестација е од голема важност.
“Пастрамалијадата е најдобра, треба да се прикаже во светот нашата. Се повеќе и повеќе доагаат”, велат граѓаните
“Ќе се собере народ, ќе се извидат и ќе се развеселат“, додаваат граѓаните
“Ептен е добро, супер е тоа за градот е традиција. Ова значи многу за градот, ќе дојдат од други градови.” истакнаа граѓаните
Традицијата за да се подготвува пастрамајлии е стара и истата според граѓаните е највкусна во Штип.
“Традицијата е многу одамна, како дете се сеќавам”, велат граѓаните
“Па да ти кажам бил сум и во Радовиш, Св. Николе и таму прават, но ама како штипската стварно не се.“, додаваат граѓаните
Инаку, пастрамјлиите се подготвуваат од свинско мес, но во денешницата неретко се подготвува и од пилешко месо. За да се подготви истата е потребно добра температура, а кога истата се пече во фурна на дрва, вкусот е неодолив.
Лаура Стојанова, М-Нет