Се организираат „Штипски модни денови 2024“, 30 септември, први и втори октомври

Под името „штипски модни денови 2024“, Општина Штип на 30 септември, први и втори октомври ќе организира моден настан и истиот е согласно програмата за локален економски развој при Општина Штип. Во овој проект ќе учествуваат наголемите локални брендови, истака секретарот на општината Вишна Шорова- Ангелова и додава дека овој настан е со цел да се изврши реинкарнација на текстилната индустрија на градот под исарот.

“Оваа година согласно програмата за локален економски развој на општина Штип, општината ќе организира моден настан кој што го нарековме shtip fashion day 2024 година. Настанот ќе се одржи на 30 септември, први и втори октомври и на истиот ќе учествуваат најголемите локални брендови, неколку помали компании од нашата општина, а се разбира и дека ќе учествува и УГД со две ревии на студентите кои што студираат на технолошко-технички факултет при истиот универзитет. Овој настан е со цел за да се изврши реикарнација а текстилната индустрија на нашиот град, а всушност тоа е и насловот на настанот реинкарнација, затоа што општината има потреба од реинкарнирање на текстилната индустрија, а со тоа ќе се зајакне локална економија.“, истакна Ангелова

Денес се вршеше фотосесијата за настанот на која што учествуваа неколку инфлуенсери од државата со модели од компаниите кои што ќе учествуваат со нивните модели, додава Ангелова.

„Денес се наоѓаме на официјалната фотосесија на настанот на која што неколку инфлуенсери од државата веќе направија фотосесии со модели од компаниите кои што ќе учествуваат со нивни модели, што значи дека јавноста за кратко време ќе има можност да погледне се она што ќе се случува на 30 септември, на први и втори октомври Штип и тоа во рамки на поранешната фабрика Македонка.“, додава Ангелова

Инаку, ваквиот настан се организира со цел да се обнови текстилната идустрија во градот, затоа што самата општина има потреба ваквото реинкарнирање за да се зајакне локалната економија.

Лаура Стојанова, М-Нет