Конечно децата со посебни потреби добија асистенти, на училиште вчера тргна и Никола од Штип

По две недели дома, од вчера започна учебната година и за Никола Мијалков од Штип, кој е дете со посебни потреби. После проблемите кои ги имаше со асистентите, веќе од вчера неговата асистентка го потпиша договорот и започна со работа. Неговиот татко Зоран вели дека е задоволен што конечно неговото дете продолжува со училиште со старата асистенка. На тој начин детето ќе може полесно да ја следи наставаата и да не им пречи на останатите ученици.

„Нашите деца се навикнати со асистенти, имаат потреба од нив. Со помош на асистенти подобро ја прифаќаат наставата, оти знаат да бидат и повеќехиперактивни за разлика од останатите деца.“ – вели Мијалков.

Во оваа прилика Мијалков ја поздрави изјавата на министерката за образование и наука од наредната година асистенти да добијат и децата со посебни потреби во средите училишта. Посочува само дека треба да се воведе соодветна обука со цел и тие да можат полесно да ја извршуваат својата работа.

„Треба да се вршат обуки затоа што ова се смешни обуки од само две недели. Мислам дека мнгоу добра одлука да се учат асистените четири години за да можат да работат со децата со посебни потреби“ – додава Мијалов.

Во меѓувреме Мијалков посочува дека голем е бројот на деца со посебни потреби и во детските градинки.

Лаура Стојанова М-Нет