Штипјани за продолжен викенд во Грција, автобусите полни од вчера

Граѓаните масовно го користат продолжениот викенд за патување во Грција – најмногу кон Кавала и Драма, каде празничните божикни базари веќе ги привлекуваат туристите од цела Европа. Туристичките агенции велат дека интересот е толку голем, што автобусите се полни уште пред неколку дена. Дел граѓани на еднодневни патувања, друг дел на три дена вклучувајќи го и понеделник, кој е неработен ден.

,,Како и секоја година и оваа година 8 декември се поврзува заедно со божикните базари, не само тука, туку и во цела Европа. Ние имаме стандард секоја година еднодневни за Кавала со Драма селото на Дедо Мраз. Секоја недела одиме на еднодневна за Кавала. Оваа недела имаме голем интерес поради што е продолжен викенд и по слободни се луѓето и одат таму. Луѓето одат и по бањите, таму е со две ноќевања.“, рече Малинова

Малинова потенцираше дека побарувачката за патување има од секоја група граѓани, како најмладите, така и од повозрасните.

Инаку, овој викенд бидејќи е продолжен викенд, граѓаните најчесто избираат да патуваат надвор или во државата, додека мал ден остануваат дома.

Иван Митев, М-Нет