Ќе се купува ли пакетче за внучињата и дечињата?

Ќе се купува ли пакетче за најмалите или волшебниот свет на децата годинава ќе биде поинаков. Иако месец декември симбол на магија и топлината, сепак реалноста е дека парите не стасуваат. Повозрасните на терен со поделени мислења, едни децидни нема од каде, други согласни да купат под цена и да немаат повеќе, велат пактече мора да се купи и да се израдуваат нивните сакани внучиња.

Месецот скап, долг, а некому крајот далеку им се гледа. Велат доагаат празници, а трпезата оваа година ќе биде многу скромна.

Иако, месец декември полн со празници и новогодишни настани, сепак граѓаните се едногласни, скромно, со помалку трошок да ја испратат и оваа година, надевајќи се дека новата ќе биде подобра од овогодинешната.

Иван Митев, М-Нет