
Градоначалникот на Штип Благој Бочварски информира дека е обезбеден материјал за шиење на 2️⃣0️⃣ илјади заштитни маски за граѓаните на Штип.
-„Овие маски Општина Штип ќе ги додели на здравствени работници преку Министерство за здравство, на Полицијата, на пензионери, на текстилни работници.
➡️ Веќе од утре штипски текстилни компании започнуваат да шијат 6️⃣ илјади маски, а дополнително разговараме со други наши текстилни фирми со цел брза продукција и на останатите 1️⃣4️⃣ илјади заштитните маски.
➡️ Овие маски ќе бидат за повеќекратна употреба, можат да се перат и повторно да се употребуваат.
➡️ Изразувам благодарност до текстилните компании Ларс, Вабо и ЕАМ, и секако до сите текстилни работници и работнички од Штип.
➡️ Остварив средба заедно со Претседателот на Советот на Општина Штип, Јане Миланов со советниците од ВМРО-ДПМНЕ, Иван Јорданов и Љубе Здравков, со цел да ги информирам за одлуките и заклучоците на “Штабот за заштита и спасување на Општина Штип”.
Како прв човек во градот и на овој кризен штаб ќе бидам во тесна комуникација со Советот и советничките групи од власта и од опозицијата.
➡️ Очекувам сериозност, смиреност и дисциплина од сите граѓани и сите политички чинители.
➡️ Убеден сум дека Штип ќе одговори на предизвикот.
➡️ Упатувам уште еден апел до граѓаните да не ги напуштаат домовите доколку немаат поголема потреба.“ – изјави за јавноста штипскиот градоначалник.