Кошаркарите на Штип беа блиску до прва радост, Работнички и МЗТ Скопје имаат максимален ефект по три кола во Суперлигата

Кошаркарите на Штип го забележаа третиот сезонски пораз откако во мечот од 3. коло на Суперлигата беа поразени на домашен терен во „Џексон“ од екипата на Кожув со резултат од 77:85.

Во неизвесен меч каде третата четвртина беше пресудна гостинот од Гевгелија да стигне до втората сезонска радост. Првата четвртина беше израмнета 19:19, а пак втората му припадна на тимот на Штип со 21:20. Во третата четвртина гостинот беше подобар со 17:26 и тука беше пресудно откако во четвртата четвртина резултатот беше 20:20.

Кај тимот на Кожув прв беше Бојчев со 31 поен со три асистенции и еден скок, а пак Бурис со 22 поени и осум скока, додека пак Симиќ забележа „дабл-дабл“ ефект со учинок со 15 поени и 10 скока.

Во редовите на Штип прво име беше Хамилтон со 22 поени, Србинот Вук Ѓорѓевиќ, запиша 17 поени и осум скока, Димчевски постигна 16 поени, а Пал оствари „дабл-дабл“ со 14 поени и 10 скока.

Шампионот МЗТ Скопје со 70:66 славеше на ТФТ на домашен терен, а за победата пресудна беше првата четвртина кога „металците“ беа подобри со 25:10.

Куманово ја доби драмата во Кавадарци за славеје од 75:76 над Тиквеш, во повеќе од неизвесен натпревар. Домаќинот одлично го отвори мечот со 21:17, а потоа гостинот беше подобар со 16:18. Третата четвртина му припадна на Куманово со 13:18, а во последната четвртина Тиквеш беше подобар со 25:23, но не доволно за позитивен резултат откако мечот го загуби со еден поен разлика односно 75:76.

Работнички има три победи од толку натпревари откако славеше над Пелистер во Битола со резултат од 87:91, а пак Скопје со 83:68 славеше над Струмица.

По три кола максимален ефект имаат Работнички и МЗТ Скопје со по шест бода, по пет бода за делба на третото место имаат Кожув и Куманово. Дури пет екипи имаат по четири бодови, тоа се Тиквеш, Скопје, Струмица, ТФТ и Пелистер, а на последното десетто место е Штип со три бода.

Александар Ванев, М-Нет