
Дербито на 5. коло во Првата кошаркарска лига од групата Б му припадна на Соколи, штипјани го совладаа досега непоразениот лидер Струмица ФМП со 65:58 во штипската сала „Јордан Мијалков“, во фантастична атмосфера и полна трибина со што штипските кошаркари имаа силна поддршка и ветер во грб.
Дерби со мал број на постигнати поени од двете страни, но за нијанса подобри беа штипјани. Голема заслуга имаше Хамилтон со 19 постигнати поени, а пак Митевски и Тодоровски имаат по 11 поени, кај противникот Јовановиќ имаше 16 поени, Александровски 12, а пак Пандев реализираше 11 поени.
Борец Баскет на домашен терен стигна до триумф над Бутел во далеку поефикасен меч со голем број на постигнати поени, велешкиот тим беше подобар со 93:83 во однос на скопскиот.
Во дербито од дното на табелата конечно радост за Струмица Ролинг, која на гостувањето во Кавадарци беше подобра од Спортисимо со 76:83. Во рамки на оваа коло слободна беше екипата на Овче Поле од Свети Николе.
Во однос на мечевите од групата А таму пак Вардар е непоразен, но генерално овој тим е единствен непоразен во Првата кошаркарска лига, а во оваа коло Вардар беше слободен и со тоа има меч помалку.
Црн Дрим на домашен терен запиша висока победа од 84:62 над Тетекс ТТК, Мега Баскет беше подобар пред својата публика во однос на Охрид со 93:72, а пак Младинец дербито од дното со Водно Санс со резултат од 71:88.
Во однос на групата А таму на врвот е Мега Баскет со девет бодови, Вардар со меч помалку е втор со осум бодови, а толку има и Охрид екој е трет. Црн Дрим е четврти со шест бодови, по пет бодови имаа Тетекс ТТК и Водно Санс за делба на петтата позиција, а на дното е Младинец со четири бодови.
Во однос на групата Б на делба на првото место се Струмица ФМП и Соколи од Штип со по девет бодови, трет е Бутел со седум бодови, а пак Борец Баскет е четврти со шест бодови. Струмица Ролинг е петти со пет бодови, Овче Поле е шести со четири бодови, а толку има и Спортисимо кој е на дното со четири бодови.
Александар Ванев, М-Нет