Штипските пожарникари од Адана: Ситуацијата е повеќе од катастрофална!

Прво колона возила и едвај место за поминување, страшна слика од разрушени згради, патишта уништени домови и молитва да се извлеќат што е можно повеќе живи од под урнатините. Ова се првите сцени кои ги дочекале штипските пожарникари во подогените подрачја. На терен велат дека ситуацијата е доста страшна, и покрај тоа што очекувале и биле подготвени за вакво нешто. Се обидуваат да извлечат живи луѓе од под урнатините во Адијана, но велат бројката на загинати е многу поголема. Штипскиот командир Коцев, за М-Нет телевизија вели дека заеднички со тимот работат за бидат од помош во овие тешки времиња на народот во Турција.

Во меѓувреме денеска помош најавија и од Универзитето Гоце Делчев.

„Од рушевините на очајот, нека се роди надеж и солидарност“. Водени од принципот на хуманост, воедно и како Универзитет на кој студираат студенти од Р. Турција, УГД ќе донира парична хуманитарна помош во висина од 500.000 денари, за помош на подрачјата погодени од земјотресот. Средствата ќе бидат доделени во координација со амбасадата на Р. Турција директно на Државната агенција за управување со кризи и итни состојби при Министерството за внатрешни работи на Р. Турција.“ – стоеше во соопштението на страната на УГД.

Дополнително, УГД ќе им излезе во пресрет и на студентите од Р. Турција со: Одложување на почетокот на настава до 20.02.2023 за сите групи. Можност за започнување на наставата онлајн од 20.02.2023 до 20.03.2023, а потоа продолжување со физичко присуство. Продолжување на испитната сесија за студентите до 30.03.2023, во која ќе важат сите пријави од февруарската испитна сесија кои не се реализирани.

На терен во Штип на три штанда во центарот на градот, на градскиот пазар и кај Трговскиот центар се поставени штандови на кои се собираат финансски средства.

Лаура Стојанова М-Нет