Штипските пожарникари на прием кај Јорданов – мисијата успешна, благодарноста огромна

Тимот штипски пожарникари кој вчера во доцните часови пристигнаа дома, денеска беа на прием кај штипскиот градоначалник Иван Јорданов. Благодарност за напорната работа, пожртвуваноста и помошта која ја понудија на најпогодените подрачја упати Јорданов кон пожарникарите, а ги награди и со еднократна парична помош во висисна од една нето плата. Додаде дека е горд на своите пожарникари, и дека ако има потреба подготвени се со нов тим да реагираат повторно.

„Посакувам во иднина да не се случуваат вакви моменти, но кога веќе се случи на висина на задачата се координираа и заминаа. Уште еднаш сакам да се заблагодарам, како општина сакаме да се заблагодариме со еднократна парична поддршка во висина од една нето плата која е една скромна благодарноста.

Рушевини, слика која не се опишува со зборови, 12 часовна работа во текот на денот, и тажни моменти бидејќи најмногу се вадеа мртви тела, вака командирот на ТППЕ Штип, Дарко Коцев ги опишува седумте дена поминати во Турција.

„ТППЕ Штип седум дена неуморно беше во Адиаман Турција во најпогоденото место, ја изврши својата задача на високо ниво. Нашата задача беше по 12 часа дневно ја извршивме и се вративме. Сликата со зборови не се опшишува, само на лице место. Сликата беше многу лоша. Имаше многу жртви, многу население кое чекаше да биде извадено. Се работеше бавно, прецизно, доколку се најде некој жив да може да се извлече.“ – додава Коцев.

Крв не даруваа бидејќи имало услов да бидат државјани на Република Турција за да може да даруваат крв. Ама работата е успешно завршена и е помогнато на погодените подрачаја во моменти кога им е најпотребно. Тимот штипски пожарникари за Турција заминаа на 8 февруари заедно со испратениот втор македонски конвој.

Лаура Стојанова М-Нет