Штипски пензионери мета на изманици преку исценирани сообраќајни несреќи

Измамничко сценарио за изнуда на пари преку исценирани сообраќајни несреки  по Св.Николе, Скопје и Велес  се применува и во Штип. За време на викендот неколку пензионерски семејства биле вознемирувани на фиксен телефон од страна на измамници кои се обиделе преку адаптација на глас и доза на драматизирање да доловат амбиент дека полнолетен внук од син направил собраќајна несреќа и притоа повредил дете. Изманиците се претставиле како родители на дете кое настрадало во собраќајка која наводно ја предизвикал  внукот на пензионерката. Измамниците ставајки се во улога на жртви ,гневно преку фиксниот телефон побарале оштета од 10 000 евра како надокнада за претрпените телесни повреди на детето кое наводно било удрено со автомобил од страна на внукот на пензионерката. Доколку  навреме не им се исплатела побараната сума ќе следело киднапирање на внукот на пензионерката кој наводно веќе бил однесен во непознат правец. За да биде убедителен измамникот ја навел и марката на автомобилот, сопственост на наводниот сторител на наводната сообраќајна незгода. Што се случило понатаму не може да посведочи жртвата на овој обид за  измама, во овој случај поимотна пензионерка бидејки по овој разговор истата се онесвестила поради инвазивна хипертензија. Овој неуспешен обид за изнуда на пари не е единствен велат од МВР-Штип, напоменуваат дека ваквите измами и обиди за измами се зачестена појава која се копира од  светски јутубери. Од МВР со апел до сите граѓани да внимаваат на овие обиди за измама и да ги идентификуваат броевите на ваквите измамници со цел полесно и понавремено откривање на оваа криминална организирана група.