
Пазарот на трудот драстично ја менува насоката. Ако пред само 4 години најбарани биле лицата кои ги познаваат компјутерските вештини и странските јазици, денес недостасуваат бравари,фризери,заварувачи, келнери и сметководители.
2020 година дефинитивно не е година во која се трага по работна сила која има потреба од изучување на странски јазици и компјутери, констатираат статистичарите. Напредната технологија со која растат младите генерации некако попатно ги ставила настрана професиите од индустрискиот сектор во кои се работи макотрпно со вложување на физички напор и фокус од избегнување ризик при работа. Зошто младите немаат интерес за работа во овие дефицитарни сектори?
Штип ја доживеа градежната експанзија, просторното уредување ја наметна потребата за вработување на лица од градежниот сектор и квалификации во сегментот статика, изградба и изработка на метални конструкции. За само 4 години индустрискиот подем го диктира темпото за побарувачка на работна сила која според младите е непопуларна.
На листата за чекање на работа се наоѓаат лицата кои имаат средношколска стручност која не е во склад со зголемената побарувачка на работна сила. Оваа состојба уште еднаш ја потенцира затаеноста на надлежните кои се задолжени да изработуваат анализи и според нив да ги проектираат образовните програми во кои ќе бидат вметнати најбараните професии.
Дали наместо агенциите за вработување улогата на навремена соодветна едукација навремено ќе треба да ја превземат образовните институции е прашање на кое одговорот е јасен. Она што е нејасно е зошто образованието не го следи чекорот на берзата за побарувачка на работна сила? Наместо санација потребна е правилна и навремена едукација е ставот на невработените кои упорно бараат работа според сопствените квалификации и кои одбиваат да се преквалификуваат во бравари, фризери, сметководители.
Маре Стојилова М нет