
Стотина диви свињи, возрасни единки и мали диви прасиња роварат низ планиската туристичка пехчевска дестинација „Рамна река“. Изминатиов викенд неколку посетители од Штип биле буквално преплашени од непосредната средба со дивите свињи за кои локалните ловџии тврдат дека преку планинските предели ја поминале македонско –бугарската граница и слободно се гнездат во околината на Пехчево, Берово, Делчево. Жителите на „Рамна река“ и околината велат дека ја информирале локалната заедница за наездата на диви свињи од Бугарија кои наверојатно се префрлиле преку граница поради ловечките хајки на бугарските ловџии.
Оваа вест ги алармира ветеринарните служби кои од денес се активни на теренот спроведувајки ги сите превентивни мерки со цел да се заштитат локалните фарми од појавата и ширењето на африканската свинска чума.
За оваа новонастаната состојба ќе уследи соодветна реакција од страна на федерацијата на фармери ни објасни денес Ефтим Шаклев, кој наговести дека во текот на утрешниот ден ке се одржи итен состанок на членовите на оваа организација со цел да упатат конкретни предлози и барања до надлежните институции во државата за спречување на ширењето на вирусот.
Професорот Владо Вуковик од Земјоделскиот факултет во Скопје денес за М нет инфомираше дека не смее да се толерира ваквата летаргичност и дека без никаков компромис треба во континуитет засилено да се спроведуваат сите договорени протоколи и се што се подразбира под заштита. Вуковик вели дека ако некој од надлежните на локално и државно ниво смета дека е помината опасноста од африканската свинска чума, значи дека е во голема заблуда бидејки опасноста демнее. За тоа говорат и сеуште активните 65 жаришта кај диите свињи во соседна Бугарија. Досега во целост се унишптени 33 семејни фарми и 7 комерцијални фарми со вкупна загуба од 150 000 свињи или колку што е нашето годишно производство.