Штипската пастрмајлија најверојатно ќе чини од 230 до 250 денари, цената ќе зависи од месото

Штипските пекари ги почнаа првичните подготовки за овогодинешното издание на штипската Пастрмајлијада. Полека се обезбедуваат потребните работи, се кројат плановите и се доспремаат деталите за манифестацијата, а веќе се прават и првите пресметки за цената на пастрмајлијата. Според очекувањата на пекарите, годинава таа би можела да чини од 230 до 250 денари најмногу, додека лани цената се движеше по цена од 200 до 220 денари. Дали ова ќе биде конечната цена, ќе се знае пред Пастрмајлијадата.

,,Веќе се прават подгтовките, се припремаме, значи ние стандардно учествуваме на пастрамалијадата. Досега ја правивме и најголемата односно џиновската пастрамјлија, ќе видиме уште не сум стапил во контакт со надлежните за тоа. Ало ми укажат доверба, секако дека ќе успеам и тоа да го одработам. Ланската година беше некаде околу 200 денари, 220 денари, сега не знам оваа година колку ќе бидат цените, со оглед на тоа дека земјтинот е веќе покаќен, се надевам дека нема да биде повеќе од 230 или 250 денари.“, кажа Малинов

Колку ќе чини пастрмајлијата, во голема мера ќе зависи и од цената на месото, главната состојка без која нема вкусна штипска пастрмајлија. Пекарите велат дека засега нема причина за загриженост, месо ќе има, а набавката ќе се прави непосредно пред Пастрмајлијадата за да биде свежо.

,,Ќе видиме која ќе биде цената на месото, тука е тој главен производ, нели за се за подготовка на една пастамајлија. Па во контакт со добавувачите на месо, тие веќе значи набавуваат месо, ни рекоа ќе нема проблеми ќе има, така да нема потреба уште сега да правиме залихи, тоа треба да биде свежо, ќе порачаме секако пред почетокот на пастрамлијадата.“, додава Малинов

Се очекува и годинава Пастрмајлијадата да привлече илјадници посетители од Штип, но и од цела Македонија, кои ќе имаат можност да ја вкусат штипската пастрмајлија – традиционалниот гастрономски специјалитет по кој градот е надалеку познат.

https://youtu.be/oNVl3SfKhtA?si=XXhDMn-BPKVnTQGq

Иван Митев, М-Нет