
Одбојарскиот клуб Штип УГД оди по нова историја, откако претходно го освои Купот на Македонија сега ќе напаѓа за освојување на титулата во одбојкарското првенство.
Ова ќе биде реприза на полуфиналето и финалето од Купот за штипјани, одново преку Работнички стигнаа во финална борба со актуелниот шампион Струмица за освојување на домашното првенство.
Тренерот на Штип УГД, Кристијан Ристески за телевизија М Нет вели дека фрустрирачки делувал фактот што претходно имале четири порази од Работнички па тоа било и поттик и мотив да се совлада одново скопската екипа.
Тренерот Ристески за М Нет вели дека ја оствари својата цел, со самото влегува во фајнл-форот, но вели дека апетите растат.
Ристески вели дека сега во однос на Купот ќе биде поинаку, бидејќи ќе треба екипите да се подготват повеќе тактички и стратешки, направени се неколку ротации, а Ристески очекува повеќе од три натпревари.
Ристески за М Нет открива дека екипата е комплетна и дека сите играчи ќе бидат на располагање за овие финални натпревари кои ќе го одлучат новиот шампион на Македонија, и веќе се размислува на тактичките задачи кои ќе се подготвуваат.
Првото соочување помеѓу Струмица и Штип УГД е закажано за во вторик.
Александар Ванев, М-Нет