
Одбојкарите на Штип УГД ја освоија првата Куп-титула во историјата откако во големо финале ја срушија Струмица со 3-2 (22-25, 25-222, 19-25, 25-21, 15-13) во сетови.
Штипјани покажаа храбра игра против Струмица која беше голем фаворит, но момците на Кристијан Ристески со одлична игра ја прекинаа серијата на струмичани од седум трофеи во низа во Купот од седум финалиња.
Задмард и Алексов го водеа Штип УГД до историја и прва Куп-титула, а кај Струмица најдобар беше Ом Хени со 28 поени.
Александар Ванев, М-Нет