
Во текот на вчерашниот ден во СВР Штип пристигнале две пријави за физички напад на две лица од страна на 29 годишниот штипјанец со иницијали Ш.Н. на улицата Радански Пат.
Првата пријава била во 18 и 20 часот од страна на 39 годишната М.Ј. од Штип, која во СВР Штип изјавила дека Ш.Н. го малтретирал нејзиниот малолетен син и на дел од оваа улица, а потоа физички го нападнал и во дворот на нивната куќа. При тоа користел метален предмет.
После повеќе од половина час, против истото лице имало пријава и од 28 годишниот Д.Ј. од Штип, кој пред припадниците на штипската полиција изјавил дека во 18 часот и 30 минути, Ш.Н. го нападнал во дворот од куќата на Радански Пат.
По целосно документирање на двата случаи, против Ш.Н. ќе биде поднесена соодветна пријава и од страна на СВР Штип.
БИЛЈАНА ПОСТОЛОВА / МНет.мк