
Од направените 1486 тестирања во последните 24 часа, регистрирани се 109 нови случаи на новозаболени лица од КОВИД 19, информираат од Министерството за здравство.
Скопје континуирано е на прво место со 40, Прилеп 12, Куманово 10, Тетово и Битола шест, во Струга и Кичево по четири, три новозаболени лица има во Штип и Кавадарци, по две во Гостивар, Струмица, Крива Паланка и Виница. По едно новозаболено лице има во Пробиштип, Пехчево, Делчево, Свети Николе, Ресен и Неготино.
Во текот на изминатиот ден починале три лица и тоа од Кичево, Скопје и Македонски Брод, а оздравени се 89 пациенти, од кои четири од Штип.
Според информации од МВР, во текот на изминатото деноноќие, на ниво на СВР Штип по однос на мерката за неносење лична заштита на лице, регистрирани се 21 прекршок.
БИЛЈАНА ПОСТОЛОВА / МНет.мк