
Источниот регион на државата, располага со богат фонд на автентични, културни, природни и традиционални ресурси и производи кои согласно глобалниот тренд во последните децении во руралниот туризам нудат сериозни можности за развој на оваа гранка. Истовремено уникатноста на приодот кон традиционалните производи кај населението е добра снова за креирање на специфичен и унифициран модел и концепт за развој на Руралниот туризам во Штип и Карбинци. Но овие општини како да не се опфатени со Националната стратегија за земјоделство и рурален развој која врши анализа на состојбите. Паралелно националните програми за поттикување на земјоделието и руралниот развој во Македонија одат во прилог на глобалните трендови за креирање на самоодржливост во руралните региони преку развој на земјоделието и дополнителни дејности за семејствата кои живеат или се вракаат во овие области, појава која во последните 6 месеци е изразена. Руралниот туризам преку ретките автентични примери во Македонија веке ги покажува првите интереси иако сеуште нема дефинирани контури на гранката. Но зошто со финасиска подршка од локалните самоуправи и Европските фондови не се опфатени околните запустени рурални потенцијали останува нејасно. Можеби затоа самоиницијативно со еден поинаков поглед кон иднината и потребата за сплотеност со природата,како и бегство од густонаселените урбани подрачја поради пандемијата, жители на Скопје, Крива Паланка и Куманово го трасираат трендот на обратна миграција село-град. Дел од дваесетината семејства кои го населија и заживеааја Козјак за прв пат ке живеат во село.
Таков е случајот и со подплачковичкиот Козјак, со години запустен и напуштен, пред 11 векови своевидниот центар на збиднувања со бројно население лоцирано од сегашна Калузлија, градот Баргала па до сегашната локација. Во тој документ не беше вметнат Козјак. Она што локалните власти не можеле да го препознаат како потенцијал го препознаваат лугето со амбиции за развој на рурален туризам. За само една година во Козјак се обновени вкупно 18 стари и изградени нови куќи. Самоиницијативно најнапред за своја душа, лугето што се вракаат во Козјак кој сепак не е нивен роден крај неорганизирани и неинформирани, вложуваат сопствени средства наместо искористување на европските фондови за таа намена. Никој од локалната самоуправа не пројавува иницијатива за насочување на повратниците кон поуспешни рурални проекти синхронизирани со стандардите и документите на ЕУ за руралниот развој и руралниот туризам.
Инаку да напоменеме дека основните цели на оваа стратегија за развој на Руралниот (селски) туризам во ко не спага подплачковичкиот регион се: – Идентификување на концептот и стратегијата за развој – Поставување на рамка за поттикнување на развојот како дел од севкупната туристичка понуда на Република Македонија како што напоменавме тому на таа карта засега го нема Козјак.