
Шкупи забележа убедлива победа над Кеги Моби во второто коло на Првата футсал лига откако пред домашната публика славеше со 8:1, со што оваа победа беше најубедливата во втората рунда. На голем триумф се радуваше и тимот на Бутел, кој исто така, пред домашната публика со 6:0 го доби Клими од Кавадарци.
Поранешниот шампион Форца со 1:5 го доби дуелот со Јувентус Серава во гости, а пак Железарец и Осогово од Крива Паланка ги поделија бодовите играјќи 1:1 во меч кој беше единствен од второто коло без победник.
Шампионот Проект со 3:4 триумфираше во Тетово каде славеше над повратникот СЕЕ Универисити.
По максимални шест бода имаат Проект и Бутел, по четири бода Шкупи и Форца за делба на третото место, Кеги Моби е на петтото место со три бода, по еден бод имаат СЕЕ Университи, Железарец, Осогово и Клими, а на дното е Јуветус Серава без бодови.
Александар Ванев, М-Нет