Шкендија со шест гола го распадна Силекс, Работнички слави во дербито со Вардар

ФОТО: ФК Шкендија

Шкендија со доминантна и убедлива игра го декласираше Силекс со превисоки 6:1 во меч од 27. коло од Првата македонска фудбалска лига. Првиот дел помина во знакот на неизвесноста. Красниќи стрелаше за 1:0, а Ефтимов израмни на 1:1 на полувреме.

Во вториот дел Красниќи погоди уште една, Цаке, Аганспахич и Рамадани погодија по еднаш, а автогол си постигна Трако за конечни и убедливи 6:1.

Работнички слави со 2:0 во скопската пресметка со Вардар на Националната арена „Тодор Проески“. Натпреварот беше решен во финишот на мечот, кога Димитар Тодоровски во 75. минута погоди за 1:0, а во финишот односно во судиското надополнување Атдхе Мазари погоди за конечни 2:0.

Александар Ванев, М-Нет