
Тиверија со минимални 0:1 слави во Берово каде го доби домаќинот Малеш со голот на Христијан Тимов постигнат во 14. минута, а во меч од 15. коло од Третата македонска фудбалска лига – Исток.
Слога Виница на домашен терен со 2:0 славеше над Рудар од Пробиштип. Солиден меч за гостинот, кој пружи максимален отпор.
Игор Ѓорѓиев во 43. минута погоди за 1:0, на полувреме, а во 83. минута Асна Рифадов ги постави конечните 2:0.
Ударник забележа голема и убедлива победа од 3:1 над Овче Поле од Свети Николе. Првиот дел од мечот заврши без погодоци, а во вториот паднаа сите четири гола. На стартот од мечот Рунчевски си постигна автогол за 1:0, а во 58. минута Трендафилов израмни на 1:1.
Во 61. минута Тенекеџиев постигна гол 2:1, а во 75. минута Грбашлиев беше прецизен за конечни 3:1.
Голем бод за Карбинци кој на гостувањето во Дојран одигра 1:1 против Дојранско Езеро. За Карбинци ова е важен бод во тешката борба која ја води за опстанок во Трета лига – Исток.
Петар Илиев во 10. минута погоди за 1:0, а во 68. минута Пејов беше прецизен за конечните 1:1.
Во оваа рунда слободна беше екипата на Вардарски од Богданци.
Лидер на табелата е Вардарски со 30 бодови, Слога Виница е втора со 26 бодови, на третото место е Овче Поле со 23 бодови, Тиверија е на 4. место со 22 бодови, колку што има и Дојранско Езеро кој е на 5. место.
На шестото место е Ударник со 12 бодови, Малеш е седми со 11 бодови, Рудар е на претпоследното осмо место со 10 место, а на последното деветто место кое води кон испаѓање во Општинската фудбалска лига е Карбинци со девет бодови.
Александар Ванев, М-Нет