
Поранешниот македонски фудбалски шампион Шкендија денес промовираше уште еден напаѓач, бугарски интернационалец Наско Милев парафира договор со тетовчани до следното лето, со опција за продолжување на соработката.
26-годишникот во Тетово доаѓа од редовите на Паневежис од Литванија. Во својата кариера Бугаринот настапуваше и за Ѕиугас од Литванија, а во бугарското првенство беше дел од Локомотив Софија, Витоша, Славија Софија и Потев Плодвив.
Милев е четврто засилување во редовите на Шкендија, која во пролетниот дел ќе го напаѓа врвот на Струга Трим Љум.