
Шкендија стигна до голема победа од 0:2 против Вардар во натпреварот од второто коло на Првата македонска фудбалска лига, одигран на Националната арена „Тодор Проески“. По мирното прво полувреме без голови, во кое двете екипи не успеаја да создадат посериозна предност, вториот дел донесе сосема поинаква слика на теренот.
Шкендија тргна поофанзивно, а притисокот вроди со плод во 52. минута. Тамба ја затресе мрежата на Вардар за 0:1 и го донесе гостинскиот тим во водство.
Вардар се обиде да одговори и да се врати во натпреварот, но Шкендија одлично го контролираше текот на играта и не му дозволи на домаќинот да стигне до израмнување.
Точка на натпреварот повторно стави Тамба. Во 76. минута напаѓачот по вторпат ја погоди мрежата на Вардар и со својот втор гол на натпреварот го постави конечниот резултат од 0:2.
Шкендија така од Скопје се враќа со три големи бодови, додека Вардар останува без бодови по дуелот пред домашната публика.
Главниот актер на натпреварот дефинитивно беше Тамба, кој со два гола ја донесе Шкендија до важна победа над минатогодишниот шампион Вардар.