
Дебитантот во Прва лига, Шкендија Арачиново е најактивен клуб на трансфер пазарот, ланскиот второлигаш кој испиша историја со влезот во елитата го промовираше Дашмир Елези како најново име во ростерот за следната сезона.
Од Шкендија Арачиново веруваат дека Елези ќе биде големо и значајно засилување во нападот на тимот за дебитантскиот настап во елитата.
21-годишниот фудбалер во редовите на Шкендија Арачиново доаѓа од Работнички, а претходно беше дел и од тетовска Шкендија, а меѓународна кариера градеше во Локомотива во Хрватска и Приштина во Косово.
Шкендија Арачиново продолжува со кроењето на ростерот за дебитантскиот настап во Првата македонска фудбалска лига, клубот во само две сезони стана шампион во Трета лига – Север и обезбеди влез преку бараж во Втора лига, а лани како третопласиран во Втора лига играше бараж против Пелистер и успеа да го добие и тој историски меч за пласман во Прва лига.
Александар Ванев, М-Нет