
Штипскиот тренер Иван Варадиновски е нов тренер на второлигашот Новаци, кој доаѓа на местото на Дарко Крстески.
Младиот тренер беше тренер на Кожуф минатата сезона, а претходно го водеше Детонит Плачковица, тим со кој играше бараж за Прва лига, а во минатото беше тренер на Каменица Саса и Кит Го од Пехчево.
Варадиновски старт на летните подготовки ќе означи на 8 јули.
Александар Ванев, М-Нет